ЗАВРШИ ЧЕТИРИЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ
- март 12, 2020
- 0
Со обемен дневен ред од 65 точки, дополнет со уште две нови, денес се оддржа четириесетттата седница на Советот на Општина Охрид. Во најголем број точките од дневниот ред се однеуваа на усвојување на извештаи за работата на општинските сектори и одделенија, јавните претпријатија, училиштата и Територијалната противпожарна единица. Сите точки на дневниот ред беа усвоени, освен една од дополнителните што се однесуваше на предлогот за изработка на локална урбанистичка планска документација во КО Долно Лакочереј.