ЗАВРШИ 28-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
- јуни 8, 2023
- 0
Советниците на Советот на Општина Охрид на денешната 28-ма Седница ги усвоија Записниците од 25-та и 26-та седница. Беа усвоени 16 –те точки на дневниот ред којшто беше дополнет со уште една точка, а се однесуваше на Предлог одлуката за измена на одлуката за начинот и постапката на регулирање на паркирањето во рамките на градежната парцела со употреба на механизирани паркинг системи. Покрај оваа се усвоија и следниве Предлог – Програми.
Предлог-Програма за измени на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2023 година. Предлог-Програма за измени на програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2023 година. Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за финасиските потреби на ТППЕ Охрид за 2023 година. Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за заштита на животната средина и природата за 2023 година. Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2023 година. Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за спорт и рекреација за 2023 година. Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2023 година. Предлог-Програма за измени и дополнувања на развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2023-2025 година (НА). Предлог-Програма за измени и дополнувања на развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2023-2025 година (НБ). Предлог-Програма за измени и дополнувања на годишната програма на општина Охрид за здравствена и социјална заштита за 2023 година (Т1). Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за енергетска ефикасност за 2023 година. Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за уредување на градежно земјиште за 2023 година. Предлог-Програма за измени на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2023 – 2025 година. Предлог-Програма за дополнување на програмата за урбана опрема – изградба и одржување за 2023 година. Предлог-одлука за изменување и дополнување на буџетот на ЕЛС Охрид за 2023 година. Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2023 година.