
ЗАПОЧНА 65-ТО ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ ОХРИДСКО ЛЕТО
- јули 13, 2025
- 0
Под мотото „Трансформација на сетилата“, вчеравечер на Античкиот театар беше отворено јубилејното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“.
Љубителите на уметноста и бројната публика имаше можност да ужива во прекрасниот концерт на американската пијанистка со блескава кариера Клер Хуангчи и уметниците од Националната филхармонија на Република Македонија под диригентската палка на маестро Едвин Оутвотер.
На свеченото отворање на фестивалот го проследи и Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, заедно со претседателката на Република Македонија, Гордана Силјаноска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, министерот за кулура и туризам, Зоран Љутков и бројни високи делегации на функционери и амбасадори.
Овогодинешната фестивалска програма нуди настапи на светски познати имиња и ансамбли од музичката, драмската уметност, програма за сите вкусови и генерации.