Со низа културни содржини и неколку новини во програмскиот дел вечерва во с. Велестово започнува 36-то изедание на интернационалната  поетска манифестација „Поетска ноќ во Велестово.

На денешната срдба со новинарите, извршниот директор Јулијана Величковска ја претстави Програмата:

  • Poetska-nok-Velestovo08172014002Вечерва на сред село со почеток во 21 часот со малиот музички концерт  „Езеро“ на  хрватската кант-авторка Нина Ромиќ во придружба на Јелена Галиќ ќе започне годинешното издание  на “Поетската ноќ“ во Велестово. Ќе следува поетскиот портрет на Елизабета Баковска, а потоа и настанот „Поетско интермецо“.  Овој настан прв пат се воведува годинава. На „Поетското интермецо“ странските поети ќе имаат можност да се претстават пред публиката во Велестово. Вечерта ќе биде затворена со изложбата на фотографии „Паметници на заборавот“ од Сашо Димоски, во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Со поетски портрет годинава ќе биде претставено творештвото на Елизабета Баковска, а во интернационалната програма ќе гостуваат поети од шест земји, и тоа: Велика Британија, Ирска, Кина, Хрватска, Србија и Македонија. Фестивалот ќе заврши на 18 август со организрано разгледување на културно-историското наследство на градот Охрид и природните убавини во околината- подвлече Величковска.

На прес конференцијата се обрати и ирскиот поет Патрик Котер кој два пати претходно  е претставуван на манифестацијата, а годинава доаѓа по трет пат во Велестово и Охрид.

  • Poetska-nok-Velestovo08172014003Се радувам што повторно сум дел од оваа прекрасна културна манифестација којашто по многу нешта е посебна и различна од сите други манифестации од ваков тип во Светов. Со нетрпение чекам вечерва да се запознаам со другите автори учесници на настанот. Воодушевен сум од изборот на актери кои ја читаат избраната поезија. Воодушевен сум од Охрид и неговите убавини-рече Котер.

На средбата присуствуваше и поетеста Елизабета Баковска чии поетски достигнувања ќе бидат во центарот на вниманието на годинешново издание. Манифестацијата се одржува со поддршка на Општина Охрид и Министерството за култура.

 

Програма на 36. издание на фестивалот Поетска ноќ во Велестово