ЗАШТИТА НА ПЧЕЛИТЕ ВО УСЛОВИ НА ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ
- јули 8, 2020
- 0
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 и 150/2015), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка ЈЗУ „Центар за јавно здравје“- Охрид го издава следното соопштение:
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден 10.07.2020 год. (петок) екипите на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 22 до 06 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.
Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмоље до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потек на река Грашница, Коселска Река.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е 231 881 и 230 231.