Во рамки на овогодинешното издание на Ohrid Water Festival денеска на градскиот базен „Атина Бојаџи“ се одржа забавно-спортската манифестација „Игри на вода“.

На натпреварувањето учество зедоа 4 екипи од реномирани охридски компании. Публиката имаше можност да ужива во забавна атмосфера исполнета со музичка програма.

Овoj спортски настан е во организација на Сојузот за училишен спорт  од Охрид.