Општина Охрид го избра идејното решение за лого по повод 80 годишнината од ослободувањето на Охрид, врз основа на објавениот јавен конкурс.

Комисијата за спроведување избор на идејното решение, формирана од градоначалникот на Општина Охрид, бр.09-5735/3 од 16.05.2024 година, во состав : Александра Настоска, претседател, Билјана Аврамоска – член, Митко Трпкоски – член, Петар Боев – член и Наташа Стојкоска – член,  од Одделението за култура од општина Охрид  прими вкупно 5 плика кои беа пристигнати по Конкурсот за идејно решение.

Комисијата констатира дека сите апликанти ги испочитувале условите за  учество на Конкурсот за идејно решение за изработка на заштитен знак  лого, за потребите на кампањата  на Општина Охрид за одбележување на Јубилејот 80 години слободен Охрид.

Врз основа на критериумите наведени во Конкурсот, по прегледот на пристигнатите предлози Комисијата со гласање ја донесе следната Одлука:

    1. Предлог – идејно решение под шифра „415141 “ од авторката Христина Лазеска го избра за најдобро лого кое одговара по основ на критериумите наведени во Конкурсот.
    2. Предлог – идејно решение под шифра  „КЛ-420“ од авторот Мартин Бибовски да ја добие втората награда, и
    3. Предлог – идејно решение под  шифра „Феникс“,  од авторката Марија Михајлоска да ја добие третата награда.

Целта на логото е да се користи во кампањата  „80 години Слободен Охрид“ во чии рамки ќе бидат одржани сите настани организирани или поддржани од Општината во периодот до 7-ми Ноември 2024 година.

По повод големиот јубилеј  Општина Охрид ќе организира  повеќе активности со сите охридски репрезенти (културни, образовни, спортски, научни и сл), а главната свеченост ќе биде на самиот роденден на Охрид.

Општина Охрид упатува покана до сите јавни институции, здруженија на граѓани и медиуми да се вклучат во кампањата по повод јубилејот и да го користат избраното лого.