ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОДВОДНИ КАНАЛИ ВО СЕЛО КУРАТИЦА
- декември 26, 2019
- 0
Екипи на ЈП “Градски Гробишта“ деновиве спроведоа акција на ископување и уредување на канали за одведување отпадни води во село Куратица. Наредниов период овој проект ќе се реализира и на неколку други локации на територијата на Општина Охрид со цел да се избегне проблемот на поткопување на патиштата што го предизвикуваат отпадните води.
Проектот е поддржан и финансиран од Општина Охрид.