Во организација на компанија „Мен енд маунтен“, а со поддршка на Пивара Скопје, Пакомак и Нула Отпад, на 08.05.2025 год.  ( петок ) и 09.05.2025 год. ( сабота ) со почеток во 10 часот, ќе се одржи Генералка Викенд во повеќе општини во државата.

Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина. За таа цел колективниот постапувач Нула Отпад бесплатно ќе го подигне целиот електронски отпад кој не е во употреба од домаќинствата и правните субјекти ( стари печатачи, компјутери, телевизори, телефони, фрижидери, машини за перење и сл. ), доколку се јавите на тел: 070 236 000 во период од 5-9 мај 2025 год.

Општина Охрид и ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид, се приклучуваат на акцијата со чистење и тоа: на потегот од плажата после хотел„Метропол“ до нас.Лагадин како и просторот околу Горна Порта на 08.05.2025 год. (петок ), а плажата од река Грашница до подрачното училиштет „Св. Климент Охридски“ на 09.05.2025 год. ( сабота ). Во акцијата ќе земат учество и Костал Македонија Дооел, училишниот спортски клуб „Волеј“, Шпаркасе Банка, Централна Кооперативна Банка, Граѓанската иницијатива „Збогум Буково“ и волонтерите од Програмата за грижа на стари лица „Најди време“ при Црвениот Крст на Охрид.  Универзитетот „Св.Апостол Павле“ како и сите училишта ќе ги чистат училишните дворови и непосредната околина.

Општина Охрид ги повикува сите заинтересирани граѓани да земат учество во акцијата.