Врз основа на член 29 (став 1,  2 и  3) од Законот за даноците на имот („Сл. Весник на РМ“ бр. 61/04…..151/21), Општина Охрид ги известува сите правни и физички лица кои поседуваат имот на територијата на Општина Охрид, дека најдоцна до 31 јануари 2024 година, должни се да поднесат даночна  пријава (образец ДИ – линк) за утврдување на данок на имот за имотот што го стекнале или почнале да го користат во текот на годината или ако по некоја друга основа настанала даночна обврска и доколку имале промена во вредноста на имотот (изградба, доградба, надградба, утврдување на правен статус на бесправно изграден објект и сл.).

НАПОМЕНА:

–          Даночните обврзници кои не ги подмириле своите обврски по основ на данок на имот заклучно со 2023 година (согласно чл.37 од Законот за даноците на имот) истото може да го направат и по електронски пат на следниот линк:

–          Даночните обврзници кои од било која причина сеуште не го добиле по пошта решението за данок на имот за претходната година  истото може да го подигнат од канцелариите на Одделението за даноци или на e mail:

danocno.oddelenie@ohrid.gov.mk

Сите дополнителни информации можете да ги најдете на официјалната страница на Општина Охрид – линк