ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТА
- јуни 24, 2019
- 0
Поради невремето кое ја зафати територијата на општина Охрид на ден 14.06.2019 год. Комисијата за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи при Општина Охрид, ги известува граѓаните, да пријават евентуална настаната материјална штета на нивните имоти и објекти најдоцна до 28.06.2019 година, петок.
Барањата можат да се достават во архивата на општина Охрид секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот. Кон Барањето за пријавување на штета е потребно да достават: имотен лист, фотокопија од лична карта и фотокопија од трансакциска сметка.