
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА УЛИЦА „ДАМЕ ГРУЕВ“
- мај 9, 2025
- 0
Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека од ден 12.05.2025 година (понеделник) од 06:00 часот наутро, поради реконструкција на дел од улица „Даме Груев“, целосно ќе биде затворен за моторен сообраќај делот од улицата, од пресекот со улица „Македонски Просветители “ до пресекот со улица „Булевар Туристичка“.
Воедно се известуваат и сите жители на овој потег дека почнувајќи од 12.05.2025 година од 06:00 часот наутро да не ја користат оваа улица за сообраќај и да не ги паркираат своите возила на овој дел од улицата, со цел непречено одвивање на активностите.