Започна партерното уредување на тротоарот на ул. „Димитар Влахов“ од лева страна. Активностите ќе бидат по цела должина на јавниот простор во насока кон  ОСУ „Св. Климент Охридски“.

Тротоарот ќе биде поплочен со камен, шкрилец.

Се замолуваат охриѓани да бидат внимателни при движење и да не паркираат возила во тој дел од улицата.