ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ПЛОВНИ ОБЈЕКТИ
- јули 3, 2019
- 0
Согласно одлуката за давање на користење на недвижен имот – градежно земјиште со намена за сидрење на пловни објекти кој се наоѓа на месноста „Студенчишта” КП. бр 6472/1 КО Охрид од Општина Охрид на ЈП „Билјанини Извори”, ги известуваме сите сопственици на пловни објекти заинтересирани за закуп на сидришно место, да дојдат во дирекцијата на ЈП „Билјанини Извори” за потпишување на преддоговор и резервација на сидришно место.
Ги известуваме сите заинтересирани дека после добивањето на согласност од страна на Советот на Општина Охрид, на одлуката за дополнување на одлуката за утврдување на цени за користење на спортски објекти и јавен паркинг простор, со кој стопанисува ЈП „Билјанини Извори” број 02-386/2 од 28.06.2019 година донесен од страна на Управниот одбор на ЈП „Билјанини Извори” ќе се пристапи кон потпишување на договори за закуп на сидришно место за пловните објекти.