Се известуваат граѓаните на општина Охрид, дека поради утврдени пропусти, воопштеност и недостаток на критериуми по основ на кои би се разгледувале поднесените апликации, СЕ ПОНИШТУВА Јавниот повик за финансирање проекти од областа на еднаквите можности  на жените и мажите.

Се известуваат апликантите во периодот од 05.05.2025 година до 09.05.2025 година, да ги подигнат своите поднесени апликации во просториите на општина Охрид (канцеларија за советници) во период од 08.00 до 16.00 часот.

Лице за контакт: Магдалена Стојаноска

Тел.за контакт:071/561-203