ИЗГОТВЕНА СТУДИЈА ЗА ВАЛОРИЗАЦИЈА НА ПРОСТОРОТ НА СТУДЕНЧИШКО БЛАТО
- март 5, 2020
- 0
Општина Охрид изготви „Студија за валоризација на просторот на Студенчишко блато заради негово прогласување за заштитено подрачје“.
Изготвувањето на студијата е дел од Програмата за заштита на животната средина и природата за 2019 година, а за нејзино изготвување беше задолжено Друштвото за еколошки консалтинг „Деконс Ема“ од Скопје.
Во рамки на подготовката на студијата беа ангажирани експерти од Институтот за билогија на Природно-математичкиот факултет од Скопје, Хидробиолошкиот институт од Охрид како и претставници на други институции.
Во студијата е потенцирано големото значење на биолошката разновидност која ја поседува Студенчишкото блато во целокупниот еко систем на Охридскиот регион. Исто така посочени се и актуелните закани за блатото, како и сите препораки за негова соодветна заштита.