ИЗГРАДБА НА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА „15-ТИ КОРПУС“
- декември 27, 2019
- 0
Започна изградбата на атмосферска канализација на улица „15-ти Корпус“ на потегот од Здружение на возачи до влезот на село Лескоец.
За градежните активности од кружниот тек кај Здружение на возачи до мостот кај некогашната фабрика „Езерка“ се ангажирани екипи на ЈП „Нискоградба“, а за останатиот дел од улицата ќе биде распишан тендер по новогодишните празници .
Наредниов период , Општина Охрид и ЈП „Државни патишта“ ќе започнат со целосна реконструкција на улицата. Локалната самоуправа покрај изградбата на атмосферска канализација ќе биде задолжена и за изградба и уредување на пешачките и велосипедските патеки. ЈП „Државни патишта“ ќе биде задолжено за реконструкција на улицата.