ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ „JUMPING TOGETHER” ВО ОХРИД
- јули 23, 2019
- 0
Општина Охрид во соработка со Амбасадата на Израел во Република Северна Македонија во сабота на 27-ми јули 2019 година ќе организира изложба на фотографии „Jumping Together” oд израелскиот амбасадор во нашата земја Дан Орјан.
Изложбата ќе се одржи на малиот плоштад кај „Долна Порта” со почеток во 21 часот.
Оваа изложба за прв пат била претставена во Претседателската градина на претседателот на Израел и има добиено специјална награда за придонес во развојот на општеството во оваа земја. Исто така, изложбата до сега била претставена и во Виена, Нови Сад, a ќе биде претставена и во Скопје.