ИЗМЕНА НА ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/2021 ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ВРШЕЊЕ НА ОПШТИНСКИ ЛИНИСКИ ПРЕВОЗ ЗА ЛИНИЈА ОХРИД-ТРПЕЈЦА-СВ.НАУМ-ОХРИД
- февруари 5, 2021
- 0
1.Во објавениот оглас 01/2021 за доделување на дозвола за вршење на општински линиски превоз за линија Охрид-Трпејца-Св.Наум-Охрид за период од 5(пет) години сметано од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз(Релацијата е утврдена со Одлука на Совет бр.09-7951/10) се врши измена на точка 2 од условите кои треба да ги исполнуваат превозниците за добивање на дозвола за вршење на линискиот превоз. Изменетиот текст гласи:
„да е сопственик на минимум 2 регистрирани возила за превоз или да има договор за лизинг за возила, да има минимум 20 места за седење, со исполнети посебни техничко-експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на одделни видови на превоз и потврда за еколошки стандарди на возилото ( најмалку ЕУРО 4) и за истите да поседува важечки извод од лиценца за вршење општински линиски превоз“
Во се останато остануваат да важат одредбите од објавениот оглас бр.01/2021.
Целокупниот текст на огласот може да се преземе од официјалната страна на Општина Охрид (ohrid.gov.mk)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/2021 ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ВРШЕЊЕ НА ОПШТИНСКИ ЛИНИСКИ ПРЕВОЗ ЗА ЛИНИЈА ОХРИД-ТРПЕЈЦА-СВ.НАУМ-ОХРИД