ИНТЕНЗИВНИ АКТИВНОСТИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА СНЕГОТ ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ
- јануари 15, 2021
- 0
- Категорија:
Екипите на ЈП “Охридски Комуналец” во текот измината вечер презедоа интензивни активност за расчистување на снегот од коловозите, тротоарите, пешачките патеки, чаршијата и останатите јавни површини во градот.
Со цел да се обезбеди поголема безбедност на пешаците и учесниците во сообраќајот, беше ставена на располагање целокупната механизација, како и моторните чистачи за снег со дувалка, кои Oпштина Охрид ги набави минатата година.
Теренските активности за чистење на снегот продолжија и денеска. Заради поголема ефикасност на механизацијата и посоодветно отстранување на снегот од потесните улички и приоди во градот, се упатува апел до граѓаните да ги отстранат паркираните возила.