
ИНТЕНЗИВНИ МЕРКИ ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ГРАДСКИОТ ПАЗАР
- ноември 12, 2020
- 0
Почитувајќи ги мерките за заштита од Корона вирус, екипа на ЈП „Градски Пазар“ континуирано врши дезинфекција на градскиот пазар и на деловните простории со кои располага претпријатието. Во насока на превенирање и спречување на ширење на вирусот секојдневно се врши мерење на телесната температура на вработените и на закупците на тезги во пазарот.
Со високиот стандард на хигиена претпријатието , несомнено гради безбеден пазар како за вработените и закупците на тезги така и за посетителите.