ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ОПШТИНСКИТЕ СЛУЖБИ НА УЛИЦА АСНОМ
- јули 15, 2022
- 0
Денес општинските надлежни служби, во присуство на вешто лице и асистенција на полиција, извршија увид и интервенција на улица АСНОМ, поради неправилности во градежните работи на заеднички станбен објект.
При увидот, утврдено е дека инвеститорот ДГУПТ “Еуро –Билдинг 2012 ДООЕЛ Охрид“, гради спротивно од одобрението за градење. Од страна на градежниот инспектор утврдено е дека, инвеститорот узурпирал дел од соседната катастарска парцела и направил големо оштетување на улицата и водоводната мрежа.
Од страна на овластениот градежен инспектор изготвено е решение за прекин на изградбата, со дополнително решение за надомест на причинетата штета.
Според Законот за правното лице ќе следат и соодветни законски управни акти.