КОНКУРСЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА БЕСПЛАТНИ КУРСЕВИ ЗА: ГОТВАЧИ, ЗАВАРУВАЧИ, СМЕТКОВОДИТЕЛИ И ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК
- февруари 25, 2020
- 0
Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 34 од Статутот на Општина Охрид (Сл. гласник на Општина Охрид бр. 8/07 и 1/08), Градоначалникот на Општина Охрид објавува:
КОНКУРС
за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви за:
готвачи, заварувачи, сметководители и германски јазик
Со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените лица и подобрување на нивните квалификации за идно вработување, општина Охрид согласно Годишната програма на одделението за локален економски развој за 2020 година, во која се предвидени: “Активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд”, распишува конкурс за спроведување на бесплатни курсеви за:
– готвачи
– заварувачи
– сметководители и
– германски јазик
1.Услови за доделување бесплатен курс
Предност на пријавување за овие курсеви имаат лицата кои се со статус на невработени лица во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија – Центар за вработување Охрид, евидентирани како лица кои активно бараат работa, но и вработени кои сакаат да се докфалификуваат и прекфалификуваат.
2. Начин на пријавување
Кандидатите кои се пријавуваат на Конкурсот, треба да ги пополнат потребните образци поставени на интернет страната www.ohrid.gov.mk.
Со Пријавата потребно е да достават и :
- Изјава за лични податоци;
- Изјава потпишана од кандидатот дека доставените документи се вистинити и дека истиот не посетува таков курс од друга институција или фирма.
Рок на пријавување
Потребните документи кандидатите треба да ги достават најдоцна 15 дена од денот на објавувањето на Конкурсот на адреса: ОЈУ ОГУ за доживотно учење “ Кузман Шапкарев” Oхрид, ул.Туристичка бр. 79 – Охрид, во затворен коверт со назнака „Конкурс за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви” или во Архивата на ОЈУ ОГУ за доживотно учење “ Кузман Шапкарев”секој работен ден од 09 до 14 часот.
Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.