Врз основа на член 16 и 18 од Одлуката за доделување општински награди и признанија бр.07-3394/6 од 28.10.2011 година, градоначалникот на Општина Охрид распишува:

 

КОНКУРС
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ОПШТИНСКА НАГРАДА – ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

 

По повод 8-ми Декември – „Св. Климент Охридски“-градоначалникот на Општина Охрид распишува Конкурс за доделување на општинската награда – Патрон на градот „Св.Климент Охридски” за 2024 година.

Наградата се доделува за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид  и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Македонија и светот.

  • Право на учество на Конкурсот  имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци.
  • Во пријавата треба да се достави кратка биографија и образложение за какви остварувања и придонес станува збор.
  • Исто така, кон пријавата потребно е да се достави и најмалку една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа за која се конкурура.
  • Наградата „Патрон на градотСв. Климент Охридски се доделува на еден добитник само еднаш и истата не може да се дели меѓу повеќе добитници.
  • Конкурсот трае 15 календарски дена сметано од денот на објавувањето.
  • Пријавите кои ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.
  • Пријавите да се достават на адреса: ул. „Димитар Влахов” бр.57, за градоначалник на Општина Охрид (со назнака: ЗА КОНКУРС ОПШТИНСКА НАГРАДА – ПАТРОН НА ГРАДОТ СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ).

 

ОПШТИНА ОХРИД
Градоначалник,
Кирил Пецаков