Врз основа на член 36  од Законот за локална самоуправа и член 18 од Статутот, Советот на општина Охрид распишува

 

КОНКУРС
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА – ПАТРОН НА ГРАДОТ СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

 

По повод 8-ми Декември – „Св.Климент Охридски”, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија распишува Конкурс за доделување Повелба – Патрон на градот „Св.Климент Охридски” за 2024 година.

Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во равојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид во Република Македонија и во светот, во период од една година.

  • Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци.
  • Во пријавата треба да се достави кратка биографија и образложение за какви остварувања се конкурира и најмалку барем една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа во која се конкурира.
  • Повелбата може да се додели максимум на пет добитници.
  • Конкурсот трае 15 календарски дена од денот на објавувањето.
  • Пријавите коишто ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.
  • Пријавите да се достават во затворен плик на адреса: ул.„Димитар Влахов” бр.57, со назнака:

За Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија (со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА – ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”.)

 

                                               Совет на општина Охрид
Претседател,
Перчо Божиновски