ДОГОВОРЕН ОРГАН

Договорен орган е општина Охрид со седиште на адреса: Димитар Влахов бр. 57,
електронска пошта info@ohridler.gov.mk

 

ПРЕДМЕТ НА КОНКУРСОТ

Предмет на конкурсот е избор на идејно решение за целокупниот рекламен материјал[1] на општина Охрид

 

ТРОШОЦИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

Кандидатите ќе ги сносат сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на идејното решение, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за избор на идејно решение.

 

КОНКУРСНИ УСЛОВИ

  • Конкурсот е анонимен, а право на учество имаат домашни и странски, физички и правни лица. Учесниците на конкурсот се пријавуваат под шифра.
  • Секој од учесниците има право да учествува со по еден труд на комлетниот промотивен материјал.
  • Учесниците на конкурсот задолжително треба да достават печатен примерок и електронски примерок (pdf формат) од предложеното идејно решение.
  • Краен рок за предавање на конкурсните трудови е ( 30 дена од денот на објава на конкурсот)
  • Оценувањето на идејните решенија поднесени на конкурсот за избор на идејно решение го врши комисија избрана од Договорниот орган. Изборот на идејните решенија ќе биде објавен, најдоцна во рок од 30 дена од денот на завршување на конкурсот.
  • Конкурсните материјали и останатата коресподенција поврзана со конкурсот се пишува на македонски јазик. Конкурсните материјали треба да се достават во затворен плик со назнака КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ДИЗАЈН НА промотивен материјал. Конкурсните материјали треба да се достават лично во архивата на општина Охрид или по пошта на адреса улица Димитар Влахов бр. 57, Охрид.
  • Доколку конкурсните трудови не се спакувани како што се бара, Договорниот орган не презема никаква одговорност за ненавремено или некомплетно пристигање во архивата, губење на дел од содржината или предвремено отворање на истите.

 

КОМИСИЈА ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ

Комисијата формирана од градоначалникот на општина Охрид ќе одлучи со кој автор/и ќе се склучи договор за откуп на авторско право, согласно конкурсните критериуми.

Комисијата ќе поднесе извештај за својата работа и ќе ги објави резултатите од конкурсот најдоцна во рок од 30 дена од предавањето на трудовите. Неприфатените трудови се враќаат во рок од 10 дена од денот на одлучувањето.

Авторите на наградените трудови и сите учесници на конкурсот ќе бидат писмено известени за резултатите од конкурсот.

 

КОНКУРСНИ КРИТЕРИУМИ

  • Уникатност на идејното решение;
  • Високо ниво на иновативност, впечатливост и оригиналност;
  • Идејното решение треба да содржи уметничко – естетските елементи препознатливи за дејноста и намената
  • Изводливост на решението.

 

НАГРАДИ, ОТКУП АВТОРКИТЕ ПРАВА И ОБВРСКИ НА УЧЕСНИЦИТЕ

Договорниот орган ќе додели награда за избраното најдобро идејно решение во висина од 150.000,00 денари. Носителот на најдоброто идејно решение избрано од страна на Комисијата во понатамошна постпака ќе има обврска за комплетна графичка подготовка на целокупниот промотивен материјал на град Охрид во рокови и услови кои ќе бидат дефинирани со посебен договор. Текстот и фотографиите ќе бидат обезбедени од страна на општина Охрид.

На второ рангираниот и на трето рангираниот автор ќе му исплати еднократен надомест во вид на награда во вредност од 20.000,00 денари.

Оваа награда истовремено ќе претставува и откуп на авторските права во целост, за што истите мора да пополнат и достават соодветни Изјави за согласност.

Изјавите за согласност за откуп/отстапување на авторските права се однесуваат и важат само за наградените идејни решенија.

Со исплатата на наградата за идејно решение општина Охрид се стекнува со авторското право на идејното решение.

Договорниот орган го задржува правото да не додели награда, односно да не изврши откуп на идејно решение.

 

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

  • Со предавањето на конкурсниот труд (идејно решение) секој учесник ги прифаќа условите на конкурсот.
  • Секој учесник поединец или група, може да учествува само со еден труд.
  • Распишувачот на конкурсот со доделување на наградата ги откупува авторските права.
  • Комисијата нема да ги разгледува оние конкурсни трудови кои што ќе пристигнат по предвидениот рок или не се изработени според програмата.
  • Членовите на комисијата немаат право на учество во овој конкурс.
  • Нарачателот го задржува правото да изврши измени и корекции на наградените трудови.

[1] Водич на град Охрид
Фотоброшура
Фото брошура за алтернативен и активен туризам
Разгледници
Мапа на град Охрид
Папка
Хартиени ќеси
Постер
Промотивен флаер за масовна дистрибуција