КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР РАСКАЗ
- јули 6, 2020
- 0
По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распишува годинешниот:
КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР РАСКАЗ
Услови за учество на Конкурсот:
- Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Северна Македонија;
- Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ;
- Авторското право се докажува со четвртиот примерок;
- Краен рок за доставување на трудовите е 31.07.2020 г.;
- Жири – комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 07.08.2020 г.
- Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари.
Доставените трудови не се враќаат.