МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР НА УГОСТИТЕЛСКО- ТУРИСТИЧКИ УЧИЛИШТА
- октомври 15, 2019
- 0
Од 10 до 13 октомври учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“, заедно со своите ментори и директорот на училиштето беа дел од меѓународниот натпревар на угостителско- туристички училишта ГАТУС 2019.
Натпреварот се одржа во Пореч, Хрватска каде учествуваа 170 учесници од 15 училишта.Учесниците, покрај натпреварувачкиот дел, разменуваа искуства, запознаваа примери на добра пракса и ја прошируваа меѓусебната соработка.
ОУТУ „ Ванчо Питошески“ како единствен учесник од Република Северна Македонија се натпреваруваше во следните три дисциплини:
- Готварство со слаткарство (се натпреваруваа учениците: Кристијан Тошески, Марко Илиески и Стефан Аврамоски под менторство на Војо Ангелоски и освоија бронзен медал)
- Поставување свечена маса и подготвување коктел (се натпреваруваа учениците: Ана Марија Крстеска, Александар Камчевски и Џабир Далипоски под менторство на професор Зоран Наневски и освоија сребрен медал)
- Претставување на дестинација и изработка на туристички аранжман (се натпреваруваа учениците: Силвија Кацеминовска, Сара Џелили и Сабина Џелили под менторство на професор Елена Митреска и освоија сребрен медал)
Домаќин на следниот меѓународен натпревар ГАТУС 2020 ќе биде ОУТУ „Ванчо Питошески“ .