По повод 8-ми Декември – Св.Климент Охридски – Патрон на градот, Општина Охрид распишува:

 

НАГРАДЕН УЧЕНИЧКИ ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ПОЕТСКА ТВОРБА

 

Темата на Конкурсот треба да  се однесува на Охрид и животот и дејноста на Свети Климент Охридски

 

По овој Конкурс, Општина Охрид ќе додели три први награди за најдобра поетска творба во три различни категории:

 

I  За ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение);

II  За ученици од предметна настава(од шесто до деветто одделение);

III За ученици во средно образование (од прва до четврта година).

 

  •       Износот на наградата за првата категорија е 2.000,оо денари;
  •       Износот на наградата за втората категорија е 3.000,оо денари;
  •       Износот на наградата за третата категорија е 4.000,оо денари.

 

Изборот на најдобрите поетски творби ќе го направи тричлена жири – комисија, формирана од градоначалникот  на Општина Охрид.

Право на учество на овој Конкурс имаат сите редовни ученици  од основните и средните училишта на подрачјето на Општина Охрид.

Творбите, во три примероци, во затворен плик, под шифра, најдоцна до 30.11.2022 година, треба да се доставуваат  на следната адреса: Општина Охрид, – ул.”Димитар Влахов“бр.57(со назнака : За Конкурсот за наградени творби и со наведена категорија за која се конкурира).

  •             Творбите пристигнати по наведениот датум нема да се разгледуваат.
  •             Авторството се докажува со четвртиот примерок.

Наградите ќе бидат врачени на една од свеченостите организирани по повод 8-ми Декември – Свети Климент Охридски – Патронот на Охрид.