ИЗВЕСТУВАЊЕ – ДОБИТНИЦИ НА ПРОЕКТИТЕ ПО ОДНОС НА ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ И ПРОГРАМИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС
- јуни 18, 2020
- 0
Се известуваат добитниците на проекти по однос на јавен повик за финансирање на проекти и програми од јавен интерес на општина Охрид за 2020 година, дека потпишувањето на договорите ќе се врши на ден 19.06.2020 (петок) и 22.06.2020 година (понеделник) во просториите на Архивата на општина Охрид во периодот од 09 до 15 часот (одговорно лице: Петар Бакалов). Овластените потписници на правните лица со себе треба да носат и печат на правното лице, а физичките лица мора лично да го потпишат договорот.
На веб страната на општина Охрид е објавен и формуларот кој е задолжителен при поднесување на наративниот и финансиски извештај доставен до општина Охрид по реализацијата на проектите.