НА 19. ЈУЛИ ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА ЗА ДЕЦА „ВО ДОМОТ НА ВОЛШЕБНИКОТ“
- јули 11, 2023
- 0
Општина Охрид во рамките на програмата за култура оваа година активно работи на програма за нашите најмлади охриѓанчиња.
На 19 јули на сцената кај ТЦ Амам најмладите ќе имаат прилика да ја проследат театарската претстава за деца ,,Во домот на Волшебникот”. Претставата е работена наменски и е посветена на децата. Токму овој период кога во регионот сериозно е видливо насилството помеѓу децата, а и кај нас, нужна е потребата преку театар да се прикаже дека за секој проблем и недоразбирање не е решение насилството, туку разговорот, меѓусебното подавање на рака, искреното пријателство. Низ низа драмски ситуации во кои главната нитка е мудроста на волшебникот, наспроти денешното однесување на децата, ќе упатиме јасна порака: Со насилство НЕ, со дружба може СЕ!
Во претставата има многу комичнини, едукативни, педагошки елементи, но што е најважно интеракцијата на децата од публиката е многу присутна. Важноста заедно со актерите ќе дојдат до главната порака на претставата, а притоа да увидат дека само преку искрен и другарски пристап можеме да успееме во се.
Претставата изобилува со преубава музика, сценографија и костимографија. Во неа играат актерите кои децата ги познаваат од народните приказни: Магдалена Ризова-Черних и Сашо Ристовски, а покрај нив игра и младата Тамара Ангелеска
Улогата на Волжебникот ја игра актерот Сашо Ристовски, а улогата на помошничката ја игра актерката : Магдалена Ризова-Черних ,улогата на девојчето ја игра Тамара Ангелеска.