По повод 8-ми Март-Меѓународниот ден на жената, на малата сцена во Центарот за култура ,,Григор Прличев” на 07.03.2025 г. (петок) со почеток во 20:00 часот, Општинa Охрид организира музичо- поетска вечер ,,МЕВЛЕМ” во чии рамки ќе настапат: Марко Виденовиќ – пијано, рецитација; Памела Велкова-виолина; Верица Ајтовска – виола и Енис Аљи- виолончело.

Пред музичко – поетскиот перформанс по втор пат биде отворена изложбата „Жени во фокусот“ во чии рамки ќе бидат изложени нови 12 фотографи од објективот на младата фотографка Нина Ангелоска.

Фотографиите се нови 12 приказни на жени-охриѓанки кои со својата работа се синоним за се она што значи ЖЕНА. Секоја, посебна, инспиративна и секоја на свој начин преставува пример за храброст, пожртвуваност, истрајност, доследност  и љубов во работата, семејството. Реализацијата на овие два настани е во соработка со Комисијата за еднакви можности  помеѓу мажите и жените.

Исто така, во рамки на празничната програма ќе биде отворена и традиционалната изложба на дела од жени сликарки, организирана од женски центар „Бисера“ и Изложбата на фотографии „Фрагменти на таа што создава“ подготвена од Фото клуб Охрид.