НОВА ВОДОВОДНА ЛИНИЈА ВО НАСЕЛБА „ШИПОКНО“
- март 22, 2022
- 0
- Категорија:
Екипи на ЈП „Водовод“, по налог на Општина Охрид, изведуваат градежни активности за поставување на 400 метри цевковод во населба „Шипокно“.
Вредноста на зафатот изнесува 1 милион и 700 илјади денари. Средствата се одвоени од буџетот на Општина Охрид.
Со овој зафат значително ќе се подобри водоснабдувањето во населбата.