
НОВ АСФАЛТ НА НЕКОЛКУ УЛИЦИ ВО ГРАДОВ
- септември 24, 2025
- 0
- Категорија:
Согласно годишната програма за уредување на градежно земјиште на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид, деновиве се работи на неколку локации во градов .
Нов асфалт е поставен на крак од улицата „Гоце Делчев“ со површина од околу 1 600м2.
Надлежните служби на општината работат и во населба Воска, се асфалтираат три краци од улицата „Васил Стевоски“.