Иницијативниот одбор за оддржување на конститутивната седница на локалното собрание на млади на општина Охрид уште еднаш ги поканува сите облици на младинско здружување активни на територијата на општина Охрид да поднесат пријава за учество во Локалното младинско собрание на општина Охрид согласно објавениот јавен повик. Апликациите може да се поднесуваат најдоцна до 24.04.2021 година (сабота) до 24 часот на емаил: [email protected]

Се известуваат сите заинтересирани апликанти дека согласно јавниот повик мораат да бидат поддржани од некоја од формите на младинско здружување и немаат право да аплицираат самостојно како младински активисти.

Воедно известуваме дека променета е сатницата за оддржување на конститутивната седница на Локалното младинско сорание на општина Охрид и истата ќе се оддржи на ден: 28.04.2021 година (среда) со почеток во 09.45 часот во Големата сала на Советот на општина Охрид.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: