ОБУКИ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ЖИТЕЛИ ВО КРЕИРАЊЕ НА ТУРИСТИЧКАТА ПОНУДА
- март 5, 2020
- 0
Во организација на секторот за Туризам и локален економски развој при Општина Охрид започнаа активностите за практични обуки на тема вклучување на локалните жители во креирање на туристичката понуда и сегментот на агротуризам и стандарди во агротуризмот.
Обуките се дел од годишната Програма за поттикнување на развојот на туризмот за 2020 година и истите се прилагодени за давателите на услуги во алтернативниот туризам, туристичките водичи и туроператори. Според предвиденото, обуките ќе се реализираат во термините 5-6 март и 9-10 март во периоднот од 10 часот до 15 часот во хотел „Нова Ривиера“.
Своето учество сите заинтересирани можат да го пријават во секторот за ТЛЕР кај Илкер Мустафа на маил: info@ohridler.gov.mk или на тел: 070/989806. Учесниците во обуките ќе се стекнат со сертификати за едукација во оваа област.