ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ
- мај 20, 2019
- 0
Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески денеска присутвуваше на пригодната свеченост во охридската Противпожарна станица по повод 20-ти мај Денот на пожарникарите.
Традиционално, охридските пожарникари го одбележаа празникот со дефиле на противпожарните возила и презентација на на противпожарната опрема.
Во текот на изминатава година од страна на охридската противпожарна служба беа извршени бројни успешни интервенции за гасење на пожари на приватни објекти и на отворен простор.