ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА ОУ „ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“ ОД С.ЛЕСКОЕЦ
- мај 10, 2019
- 0
Со бројни активности ОУ „Ванчо Николески“ го одбележа патрониот празник. Вечерва во Домот на културата во с.Лескоец се одржа Свечена академија под мотото „Ех, да можам“ .На академијата присуствуваше и претседателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска, која на учениците и вработените им го честита патрониот празник и им посака успех во одвивањето на воспитно-образовниот процес.
Во рамките на културно-уметничката програма учениците од германската секција ја изведоа музичката точка „Lolipop“, учениците од подрачното училиште од с.Куратица точката „If I could turn back time“ , учениците од одделенска настава од училиштето во с.Лескоец изведбата „Ех,да можам, хорот „ Е да сакаш,се би можеле“ , драматизацијата „Што би можеле“, учениците од подрачното училиште од с. Косел ја прикажаа драмата „ Ех,да можам“ , хорот и учениците Мартина Велјаноска и Јана Лолеска изведбата „Што сакаш“ , а гостите од збратименото училиште Светозар Марковиќ од Лесковац, Р.Србија настапија со перформансот „Када би могао“.
Во четвртокот во рамки на празнувањето беше положено свежо цвеќе на гробот на Ванчо Николески, а заедно со гостите од збратименото училиште „Светозар Марковиќ“ од Лесковац, Р. Србија, се одржаа едукативни работилници за дислексија и 3Д моделирање.