ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЦРВЕН КРСТ И ЦРВЕНА ПОЛУМЕСЕЧИНА
- мај 8, 2019
- 0
Делегација на општина Охрид предводена од претседателката на Советот, Живка Ангелоска денеска положи свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан, а по повод одбележување на Светскиот ден на Црвениот Крст и Црвената полумесечина.
Свежо цвеќе положија и делегации од Црвен Крст и од здружението „Анри Динан“ од Струга.
Светскиот ден на Црвен Крст е воспоставен по датумот на раѓање на основачот на организацијата Анри Динан, 8-ми мај.