ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА
Одделението за внатрешна ревизија ги врши работите што се однесуваат на:
- вршење внатешна ревизија, согласно со закон и со системот и процедурите за внатрешна ревизија воспоставени од Општината согласно со меѓународните стандарди за професионално работење на внатрешната ревизија прифатени од Министерството за финансии;
- подготвување план за внатрешна ревизија и по одобрување од Градоначалникот, го обезбедува неговото спроведување и следење;
- доставување извештаи за извршена внатрешна ревизија до Градоначалникот и Советот на општината;
- подготвување квартални и годишни извештаи за работењето на внатрешната ревизија;
- вршење оценување на значајните фактори на ризик и давање совети на Градоначаникот за нивно намалување;
- врз основа на анализи од работењето, утврдување и оценување на економичноста, ефикасноста и ефективноста во работењето на системите за финансиско правување и контрола и дава препораки за подобрување на работењето на општинската администрација;
- следење и проверување на точноста и комплетноста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи;
- утврдување и оценување на усогласеноста на работењето со законите, подзаконските акти и актите на општината;
- врши и други работи што ќе му бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи.
Контакт:
Телефон: (046) 262492 / (046) 262493 лок.
E-mail: