Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “бр.53/05, 81/05,24/07, 159/08, 48/10,124/10, 51/11,123/12,93/13,42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 99/18,89/22, 171/22 ),Општина Охрид, на ден 04.10.2024 година, донесе Одлука за спроведување на стратегиска оцена

  1. За планскиот документ ДУП за УЗ 4, УБ 4.2 опфат 2, општина Охрид, кој се носи согласно Законот за урбанистичко планирање, е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .
  2. Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ ДУП за УЗ 4, УБ 2 опфат 2, општина Охрид, се определуваат следните: Министерство за животната средина и просторно планирање и Општина Охрид
  3. За планскиот документ ДУП за УЗ 4, УБ 4.2 опфат 2, општина Охрид кој плански документ го донесува Советот на Општина Охрид, донесувањето на овој плански документ ќе има влијание врз животната средина
  4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти:Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина на планираниот опфат(вода, почва, управување со отпад, природното и културно/археолошко наследство и пејсаж).
  5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса:ohrid.gov.mk
  6. Против ова одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.

 

ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ ДУП ЗА УЗ 4, УБ 4.2 ОПФАТ 2, ОПШТИНА ОХРИД