ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ СТРАТЕГИЈА ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ НА ОПШТИНА ОХРИД 2022- 2027 Г.
- јануари 27, 2022
- 0
Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15и 39/16, 99/18), Општина Охрид, на 27.01.2022г. донесе
ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА
- За планскиот документ Стратегија за рурален развој на Општина Охрид 2022- 2027 г. Општина Охрид, кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .
- Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ Стратегија за рурален развој на Општина Охрид 2022-2027 г. Општина Охрид, се определуваат следните: Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ЈУНП Галичица и Општина Охрид
- За планскиот документ Стратегија за рурален развој за Општина Охрид 2022- 2027г. Општина Охрид, кој плански документ го донесува Советот на Општина Охрид, донесувањето на овој плански документ ќе има влијание врз животната средина
- Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти:Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина на планираниот опфат(вода, почва, управување со отпад, природното и културно/археолошко наследство) како и влијанието на социоекономската состојба.
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса/и: www.ohrid.gov.mk
- Против ова одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.