Денес советнниците ја одржаа педесет и петтата вонредна седница, посветена на големата трагедија во Кочани. Пред почетокот на седницата, советниците со едноминутно молчење оддадоа почит за трагично настраданите во пожарот во Кочани.

На дневниот ред беа измени во програмата за култура и распоредот на средствата од буџетот на општината. Советот донесе одлука за одобрување финансиска помош, во висина од еден милион денари за семејствата на починатите лица и за повредените во пожарот во Кочани од 16 март  годинава.