ОДРЖАНА ПЕДЕСЕТ И ДЕВЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
- мај 31, 2021
- 0
Со триесет и седум точки на дневниот ред, дополнет со уште три од страна на градоначалникот Константин Георгиески, денес советниците ја одржаа 59 –та седница. Во најголем дел од денешната работа на советниците, преовладуваа разгледувањата и усвојувањето на квартални извештаи за работењето на општинските сектори и јавните претпријатија.
Она што беше камен на сопнување во работата на претходната седница, одлуката за начинот и постапката на регулирање на паркирањето во рамките на градежна парцела, денес советниците едногласно ја усвоија.
На денешната седница само точката за обезбедување финансиски средства за планинарската служба на Црвен крст Охрид не беше усвоена, за која најголемиот број советници гласаа воздржано.