ОДРЖАНА ПРВАТА СЕДНИЦА НА ЛОКАЛНИОТ СОВЕТ НА МЛАДИ
- јуни 4, 2021
- 0
- Категорија:
Локалниот младински совет на оштина Охрид денес ја оддржа првата седница на која за претседател на советот беше избран Јован Цветкоски, а за заменик претседател беше избрана Теа Петковска.
По завршување на седницата членовите на Локалниот младински совет имаа работен состанок со Градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески и Претседателот на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска. Градоначалникот Георгиески упати честитки за успешно завршениот процес на конститутирање на Локалното младинско собрание на општина Охрид и Локалниот младински совет при што уште еднаш ја истакна својата недвосмисле на поддршка на овие младински тела во рамки на општина Охрид.
Дополнително, градоначалникот ги задолжи членовите на Локалниот младински совет на општина Охрид да извршат увид на простории во рамки на старата касарна во Охрид за кои има желба и идеја да побара од Советот на општина Охрид да дозволи да се отстапат на користење на младите со цел формирање на младински центар на територијата на општина Охрид каде младите луѓе ќе имаат можност да ги оставаруваат своите потреби. На тој начин ќе се придонесе за унапредување на живеењето на младите луѓе на територијата на оштина Охрид.