ОДРЖАНА ТРИЕСЕТ И ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
- октомври 12, 2023
- 0
Со шеснаесет точки на дневниот ред, денес се одржа триесет и четвртата седница на Советот на Општина Охрид. Сите точки се однесуваа на предлот измени на програмите за работа на локалната самоуправа, со цел измена и дополнување на буџетот.
Итноста на седницата е можноста да се искористат, а согласно Законот за локална самоуправа и официјалното известување од Министерството за финансии, дополнителни 10 проценти во планирањето на приходи, што изнесува триесет и четири милиони и деветстотини и седумдесет илјади денари.
Со донесувањето на овие оклуки, локалната самоуправа ќе покрие дел од тековните обврски кон доверителите, а дел ќе биде поддршка за јавните препријатија.
Со образложение дека седницата не била навременио најавена, четири советници од опозицијата ја напуштија седницата и не учествуваа во денешната работа на советот.