Денеска се одржа 63-тата свечена седница на Советот на Општина Охрид, со што официјално беше заокружен мандатот на актуелниот советнички состав.

‎Во своето обраќање, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков изрази задоволство од соработката со Советот, нагласувајќи дека заеднички биле донесени многу значајни одлуки во интерес на општината и нејзините граѓани. Тој им се заблагодари на сите советници за нивниот ангажман и посветеност.

‎Зборувајќи пред присутните, благодарност за досегашната соработка искажаа и претседателот на Советот, Перчо Божиновски, како и координаторот на советничката група на опозицијата, Живка Ангелеска.