ОПШТИНА ОХРИД ДЕЛ ОД „ПРОЕКТОТ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА РЕСУРСИТЕ“
- мај 27, 2022
- 0
Денеска во Општина Охрид се одржа првиот состанок во рамки на активностите на „Проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“ кој е имплементиран од страна на УСАИД.
На состанокот присуствуваше секретарот на општина Охрид, Александар Китески, претставникот на УСАИД, Кристина Хаџи-Василева и претставници на дел од секторите во Локалната самоуправа. Беше разговарано за управувањето со општинските јавни финансии, за начинот на планирање и извршување на буџетот, фискалната транспарентност и отчетност, за прибирање на приходи од сопствени извори, за пристап до надворешно финанисрање, како и за соработката со приватниот сектор.
Целта на проектот „Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“ е зголемување на сопствените извори на приходи и поголема искористеност на надворешните извори на финансирање на општините, како и зголемување на стапката на реализација на буџетот во согласност со условите на централните власти во однос на буџетирањето и поднесувањето извештаи.
Проектот е во насока на децентрализација на финансирањето и јакнење на општинските надлежности. Тоа вклучува унапредување на квалитетот на даночниот систем, јакнење на оперативните капацитети за администрирање на локалните даноци и такси, како и подобрување на способноста на локалната самоуправа да планира, управува и реализира јавни приходи.