ОПШТИНА ОХРИД ДОБИ ДОНАЦИЈА НА ЗАШТИТНА ОПРЕМА ОД ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕУ
- јули 3, 2020
- 0
Во насока на заштита и превенција од Корона вирусот Ковид 19, Општина Охрид доби донација од заштитни средства и заштитна опрема од страна на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, како дел од програмата “Preparatory Actions for IPA2020 Municipal Support Programme in North Macedonia”. Донацијата содржи 36 парчиња средства за дезинфекција на раце, 24 парчиња средства за дезинфекција на површини и 900 заштитни маски за еднократна употреба.
Општина Охрид упатува благодарност до Делегацијата на Европската Унија за нејзината постојана поддршка и помош во сите сфери на општественото живеење во Општина Охрид.