ОПШТИНА ОХРИД ИЗРАБОТИ ИНТЕГРИРАН КАТАСТАР НА ЗАГАДУВАЧИ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
- јануари 3, 2020
- 0
Согласно Законот за животна средина, Општина Охрид изработи „Интегриран Катастар на загадувачи на животната средина“ со кој ce опфатени: воздух, вода, почва и отпад. Информацијата за изработката на овој стратешки документ, беше усвоена од страна на Советот на Oпштина Охрид на 37-та седница.
Изработката на Интерираниот Катастар на загадувачи е со цел да се добие основна квалитативна и квантитативна база на податоци за состојбата со емиторите и емисијата на загадувачките супстанции во воздухот, водата, почвата, генерираниот отпад и постапувањето со него, заради следење на трендовите на основните индикатори за квалитетот на животната средина во Општина Охрид, како и заради контрола на успешноста на преземените мерки врз основа на соодветни одлуки и решенија на локално ниво.
Базата на податоци и нивото на нивната обработка дава можност овој Катастар да биде динамичен стратешки документ и како таков, заедно со законската регулатива во оваа област да биде инструмент на државната и локалната власт за одржливо управување со квалитетот на животната средина.
За изработката на Интерираниот Катастар на загадувачи беше задолжена фирмата „Технолаб“ од Скопје.